Search

Македонската Еспорт Репрезентација на светско првенство

Комплетната македонската репрезентација во еспорт ќе се натпреварува со 60 други држави на Светското првенство. Оваа година, поради пандемијата, ќе се одржува онлајн, а ќе започне на 31-ви октомври 2020 година.

Минатата недела се одигра првиот квалификациски турнир во Текен, во организација на Македонската Еспорт Федерација. Поради состојбата со КОВИД-19, турнирот беше лимитиран на 16 учесници и без посетители. Стефан Глигоров од Скопје беше победник на натпреварите, кои се одржаа во два дена и кои постојано беа пренесувани во живо на месф_тв каналот на твич.

Во Еспорт клубот Арена, специјални гости беа тренерите од Крапап Крав Мага, позната Израелска боречка вештина. Нашите дигитални борачи во живо се запознаа со некои од основните техники на оваа вештина, како дел од активностите на МЕСФ за промоција на одговорен и здрав гејминг.

Македонската Еспорт репрезентација сега е комплетна и ќе се натпреварува во Dota2, Tekken и  ProEvolution Soccer.

 

Треба да знаете
Последни објави