Search

Само бод за Барса против Севиља на Камп Ноу

Во последниот натпревар од неделната програма од петтото коло во најсилното шпанско првенство вечерва ремизираа екипите на Барселона и Севиља со резултат 1:1.

Составот Лопетеги поведе со 0:1 на стадионот „Камп Ноу“ во осмата минута откако де Јонг стрелаше од непосредна близина во мрежата на Нето.

Радоста на гостите траеше само 120 секунди, Меси се обиде да го пронајде Алба, опасноста ја отстрани еден од дефанзивците, но само за кратко, бидејќи топката дојде до бразилскиот интернационалец Кутињо кој се погрижи за израмнување.

Треба да знаете
Последни објави