Search

Клоп по дебаклот: Се што не треба да направите на еден натпревар ние направивме вечерва

По катастрофата која шампионот на Англија ја доживеа во Бирмингем вечерва, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, со први импресии по дебаклот на неговиот тим.

-Кој сака да загуби 7:2. Пред неколку години рековме дека сакаме да испишеме историја и тоа го напраавивме, но на погрешен начин денеска. Астон Вила одигра одлично и ги искористи сите наши грешки. Сите работи што не треба да ги правите на натпревар, ние ги направивме вечерва. Примивме погодоци по одбиени топки, но тоа е поради неправилно блокирана топка, тоа е наша вина. Никој не е виновен, освен ние самите. Сите направија големи грешки. Реакцијата на првиот гол беше уште полоша. Секоја топка која ќе ја изгубивме беше масивен контранапад. Вила помина навистина добро, но ние направивме многу грешки. Може да се браниме многу подобро отколку вечерва. Го изгубивме мечот во погрешни моменти. Тешко е, вели германскиот менаџер.

Треба да знаете
Последни објави