Search

Инспекторите пред „Интермецо“, концертот на Цетински според протоколот

Журката со хрватскиот пејач Тони Цетински вечерва во кафе-барот „Интермецо“ е по протокол, велат гости во клубот, кои испратија фотографии до „ММС.мк“.

Пред почетокот на концертот во „Интермецо“ во населбата Капиштец стигнале инспектори од Државниот пазарен инспекторат, откако во кафулето „Мош“ вчера и завчера имаше концерти на црногорскиот пејач Владо Георгиев, на кој не се почитуваа протоколите. Поради тоа кривична пријава заработи сопственикот на „Мош“, а казни зарабоија и 38 гости без маски.

-Не можам да гарантирам за здравјето на гостите, но гарантирам дека здравствените протоколи се
почитуваат, изјавил за Телма, менаџерот Констатин Влахо.

Треба да знаете
Последни објави