Search

Владата демантира: Заев нема куќа на Халкидики

Премиерот Зоран Заев преку владиниот портпарол најоштро ги демантира информациите објавени во одредени медиуми дека поседува вила на Халкидики, Грција,

-Медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека премиерот поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни. Во име на премиерот Заев, Владата категорично и целосно ја отфрла веста, премиерот Заев не поседува куќа во Грција. Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни, велат од Владата.

Треба да знаете
Последни објави