Search

Владата вечерва ќе одлучува за нови рестриктивни мерки по предлог на комисијата за заразни болести

Забрана на гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, ограничување на гласноста на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на луѓе кои може да седат на една маса во угостителски објекти од сега дозволените 12 на четири – вакви препораки на Комисијата за заразни болести ќе бидат предложени на денешната седница на Влада, најави министерот за здравство Венко Филипче.

-Сметаме дека ова се апсолутно оправдани мерки, дека се добар период кога треба да се имплементираат. Секако ја пратиме ситуацијата и понатаму доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди – порача Филипче.

Треба да знаете
Последни објави