Search

Јувентус го даде Ругани на позајмица во Рен

Одбранбениот фудбалер на италјанскиот првак Јувентус, Даниеле Ругани кариерата ќе ја продолжи во француската Лига 1. Дваесет и шестгодишниот Италијанец му се приклучи на Рен како позајмен играч каде ќе мине една сезона.

Претходно беше објавено дека зделката ќе биде извршена за 1,5-2 милиони евра, францускиот тим нема да има опција да го откупи играчот.

Минатата сезона, Ругани одигра 10 натпревари за Јувентус во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави