Search

СДСМ работи во интерес на граѓаните, реконструкција и нова водоводна мрежа на улица Милан Мијалковиќ во Кисела Вода

Изјава за медиуми, Стамат Стаматовски, советник во Советот на општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски заедно со централната власт постојано инвестира во проекти важни за граѓаните.
Денеска се наоѓаме на улицата „Милан Мијалковиќ” каде заедно со Јавното Претпријатие „Водовод и канализација” се поставуваат нови водоводни цевки и се врши целосна реконструкција на истата улицата. Во должина од над 400 метри се поставуваат нови водоводни цевки со профил Ф200, истовремено во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри се врши и целосна реконструкција на истата улица. На оваа со улица од 1,5 метри од двете страни ќе се изврши целосна обнова и на тротоарите.
СДСМ континуирано работи во подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во Република Северна Македонија. И во време на пандемија продолжуваме со засилено темпо да реализираме капитални инвестиции во нашата општина. Градиме по план, постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите.

 

Треба да знаете
Последни објави