Search

Наполи не смее да оди во Торино, натпреварот со Јувентус ќе биде одложен

Здравствената служба на градот Неапол, му забрани на Наполи да лета за Торино каде треба да го одигра натпреаврот од 3. коло во фудбалската Серија А против Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука ди Марцио.

Забележано е дека службата за безбедност ги блокираше играчите на клубот на аеродромот.

Причината беше избувнувањето на коронавирусот во тимот. Претходно стана познато дека двајца фудбалери и еден вработен во „наполитанците” имаа позитивни тестови на коронавирус.

Најверојатно натпреварот ќе биде презакажан за друг термин.

Треба да знаете
Последни објави