Search

Општина Кисела Вода започна реконструкција на патот во Аџево

Општина Кисела Вода на својата територија, продолжува да работи во насока на подобрување на инфраструктурата.

Во моментов, во должина од 550 метри и ширина од 4,5 метри, се одвиваат градежни работи за реконструкција на патот во населеното место Аџево. На патот, предвидено е да бидат поставени и стабилизирачки банкини. Оваа реконструкција е дел од првата фаза, по која според предвиденото ќе следуваат уште фази, се до целосното асфалтирање на патот.
Реконструкцијата на улицата заеднички ја вршат Општина Кисела Вода и Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
Денеска градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски извршија увид во работните активности на патот.
Треба да знаете
Последни објави