Search

Завршен коловозот на улицата ,,Никола Парапунов” во Карпош 4

Со ноќното бележење на улицата  Никола Парапунов во Карпош 4, завршена е реконструкцијта на коловозот на потегот од крстосница со булевар Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди.

Во текот на градежните работи  извршена е реконструкција  на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри, како и нивелација на постојните шахти и сливници.

Екипите на Градот од денеска ќе ја почнат и изградбата на третиот конектор помеѓу главните велосипедски рути на булеварот Илинден и булеварот Партизански одреди.

Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од  приоритетите на Град Скопје и се завршуваат во рекордно кратки рокови.

Треба да знаете
Последни објави