Search

Даниловски: Многу е поважно да се следи бројот на хоспитализираните, отколку бројот на позитивните лица

Епидемиологот, професорот д-р Драган Даниловски, при вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 зборуваше за трендовите кои ни се случуваат во земјава со коронавирусот.  Неговото гостување се поклопи со денешниот трет најголем број на новоинфицирани лица кога од тестирани 1694, позитивни се 225,  а излекувани се 96 лица, додеак битката со вирусот а загубиле шест лица.

Според Даниловски од 27 септември Македонија бележи пораст на регистрирани и заболени од ковид-19, но и на хоспитализирани лица. За Даниловски многу е поважно да се следи бројот на хоспитализираните, отколку бројот на позитивните лица. Таа бројка е многу порелевантна и поверодостоен показател за динамиката на епидемијата.

-Како релевантен параметар е и бројот на починатите лица. Во последниве неколку недели имаше блага тенденција на опаѓање на бројката на починати лица и мене тоа на некој начин ме натера да верувам дека започна да стивнува вирусот. Меѓутоа еве сега гледаме дека веќе имаме зголемување и на бројот на починатите, истакна Даниловски.

Од епидемиолошки агол на следење на состојбата, клучно е да се анализира бројот на хоспитализиранте лица. Тој податок е релевантен и најверодостоен покатазел за следење на динамиката на една епидемија. Според Даниловски вирусот имаше мутација во месец април, стана поинфективен, но тоа немало реперкусии врз тежината на клиничката слика.

Професорот Даниловски смета дека вакцината против ковид-19, на која сега интензивно се работи, не треба да биде задолжителна за сите, туку само за ризичните групи, како и популацијата постара од 65 години.

Д-р Даниловски оцени дека нема втор, трет или четврти бран на пандемијата, туку една константна крива, која сега во текот на есенските месеци ќе се зголеми и поради тоа, сите треба да бидат одговорни.

-Ќе звучи можеби малку грубо, но според мене, глупо е да се носи маска кога се движите на отворено. Особено ако во околината нема никој, изјави професорот Даниловски.

Треба да знаете
Последни објави