Search

Акција за собирање на кабаст отпад во општина Бутел

Општина Бутел овој викенд (3 и 4 Октомври) во соработка со ЈП „Дрисла”ќе спроведе акција за бесплатно собирање на  кабаст отпад во населбата Радишани.
Контејнерите со кабаст отпад ќе бидат поставени на (четири) локации во населбата Радишани, – спортската сала “Иван Хаџи Николов, помеѓу 1 и 2 влез во Радишани , главната улица на 3 влез во Радишани  и кај Олимпија.
Акцијата за собирање на кабаст отпад ќе продолжи во текот на целиот месец и во останатите населби во општината.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), но не и градежен шут.
Треба да знаете
Последни објави