Search

Традиционална средба и саем на транспортните превозници

На традиционалната средба и саем на превозниците што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на транспортната организација Макaм-транс ќе бидат презентирани предизвиците и последиците од пандемијата Ковид-19 во оваа дејност.

За состојбата во транспортниот сектор ќе говори генералниот секретар на Макам-транс Билјана Муратовска, а искуства ќе споделат и претседателите на асоцијациите на превозници од Србија, Неџо Мандич и на Хрватска, Драгутин Крајнчец

Според најавите, на средбата  ќе се обратат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски,  а осврт за мерките за стопанството ќе има Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори.

Ќе биде потпишан меморандум за регионална промоција на мобилната апликација Makam-trans Communications со здруженијата од регионот, а потребата од нејзина промоција ќе ја претстави националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров. Воедно ќе се одржи презентација за електронска распределба на меѓународни транспортни дозволи.

Треба да знаете
Последни објави