Search

Рама ги присвои водопадите на Лешница: „Прекрасната Албанија“

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа објави фотографија од Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница на Фејсбук, притоа пишувајќи дека таа ја претставува прекрасната Албанија.

„Прекрасната Албанија. Кањонот на Лешница“, напиша Рама покрај фотографијата од водопадите на реката Лешница на Шар Планина. По објавувањето на фотографијата следеше бура на коментари на социјалните мрежи, а реакција од македонската Влада се уште нема.

https://www.facebook.com/edirama.al/posts/10158188017011523

Треба да знаете
Последни објави