Search

Рудигер го напушта Челси

Централниот дефанзивец на Челси, Антонио Рудигер е се поблизу до напуштање на клубот, откако Френк Лампард не го вклучи Германецот во групата на „сините” по втор пат по ред.

Откако го пропушти дербито со Ливерпул, Рудигер сега не е дел од денешниот состав за мечот со Барнсли во Лига купот.

Според „Дејли мејл”, Пари Сен Жермен е заинтересиран за поранешниот играч на Рома. Така, може да се испостави дека двата клуба ќе направат индиректна размена, откако неодамна Челси го привлече капитенот на Париз, Тиаго Силва, кој дојде на „Стемфорд Бриџ” како слободен агент.

Треба да знаете
Последни објави