Search

Ѓоковиќ го помина Надал по бројот на финалиња на Мастерс турнирите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ќе игра во финалето на „Интернационали БНЛ д’Италија”. За првиот светски рекет ова финале е 52-ро во неговата кариера на Мастерс турнирите.

Во оваастатистичка категорија Ѓоковиќ изби на првото место поминувајќи го Шпанецот Рафаел Надал кој остана на 51.финале.

Трет е Роџер Федерер со 50 финалиња.

Доколку Ѓоковиќ го добие финалето, тој исто така ќе стане единствен лидер по бројот на победи на Мастерсот – сега го дели првото место со Надал (по 35), Федерер е трет со 28.

Ривал на Ѓоковиќ во финалето ќе биде Аргентинецот Диего Шварцман.

Треба да знаете
Последни објави