Search

Во обид да направи селфи жена испаднала од автомобил на автопат крај Лондон

Жена испаднала од автомобил на фреквентен автопат во околината на Лондон додека висела низ прозорецот од сопатничката страна снимајќи видео за „Снепчет“, соопшти локалната полиција, а пренесе Си-ен-ен.

На жената и била укажана лекарска помош на местото на настанот и не претрпела сериозни повреди.

„За среќа, таа не беше сериозно повредена“, објави полицијата на „Твитер“, додавајќи и слика од отворениот прозорец во автомобилот од кој испаднала жената.

Си-ен-ен соопшти и резултати од студија објавена во магазинот„Journal of Family Medicine and Primary Care“, според кои околу 259 луѓе ширум светот починале при обид да направат селфи во периодот меѓу 2011 и 2017 година. Истражувачите откриле дека највеќе вакви смртни случаи се регистрирани во Индија, а потоа следат Русија, САД и Пакистан. Повеќето од жртвите биле мажи (околу 72%) на возраст под 30 години.

Тие исто така потсетуваат дека четири лица од исто семејство се удавија минатата година во Индија откако се лизнале и паднале во вода обидувајќи се да направат селфи.

Треба да знаете
Последни објави