Search

Вежба „Маврово 2020″на Републичките сили за заштита и спасување и Тимовите за брз одговор при Дирекцијата за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување во Маврово спроведува вежба на припадниците на тимовите за брз одговор – ТБО при Дирекцијата за заштита и спасување.

Целта на вежбата е демонстрација на повеќе сценарија за подготвеност на човечки и материјално технички ресурси на Дирекцијата за заштита и спасување каде ќе биде тестирано и – Упатство (Протокол) за постапка и делување со превземање на заштитни мерки за справување со КОВИД-19 на Републичките сили за заштита и спасување, Тимовите за брз одговор и Просторните сили за заштита и спасување за време на нивно ангажирање во услови на мир и вонредна состојба, обука, тренинг и вежби.

Присутни на настанот ќе бидат директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски и тимови за брз одговор за спасување од рударски несреќи, спасување од јами, спасување од планина и тим за прва медицинска помош од Црвениот Крст.

Треба да знаете
Последни објави