Search

Дополнителна интервентна мерка на Владата од 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок

Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев  имаше работен состанок во  Кавадарци со претставници на здруженијата на лозарите и винарските визби.

На состанокот, министерот информираше  за новата дополнителна интервентна мерка за откуп на грозје, која претходниот ден беше договорена на состанок со владиниот економски совет, на кој беше присутен и премиерот Зоран Заев.

Со оваа дополнителна интервентна мерка, Владата ќе одвои доплнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка, а средства ќе се обезбедат од Ковид програмата на Владата.

“Освен мерките кои ние ги предложивме претходно, за да се достигне ланската цена на грозјето и подршката за извозот на флаширано и наливно вино, која беше наменета за супституција во транспортот, денес ја претставивме и новата мерка која ја преземаме заради квалитетот на грозјето кое има под 18 малигани, ние додатно како Влада ќе помогнеме со дополнителни 4 денари за тоа грозје кое не е наменето за вино, туку ќе има друга намена како на пример за вински дестилат или за концентрат за сокови“ – изјави министерот Хоџа.

Претходно договорените 2 денари за вранецот и смедеревката остануваат на важат и ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и  2 денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината Ковид програма. Остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Дополнително за извозот, за откупени до 12 милиони килограми државата ќе субвенционира 2 денари, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на сите чинители на секторот. Со заеднички труд и заложби ќе продолжиме во насока на стабилно, конкурентно и развиено земјоделство.

 

Треба да знаете
Последни објави