Search

Гвардиола: Меси е играч на клубот што го сакам

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја прокоментира ситуацијата со Лионел Меси. Капитенот на Барселона беше многу блиску до трансфер во Сити ова лето, но тоа не се оствари.

– Мислам дека Лео јасно ги објасни своите чувства и немам што да додадам. Тој е играч на Барселона, клуб што го сакам. Немам што да додадам, изјави Гвардиола.

На прашањето дали Сити ќе се обиде да го ангажира Меси како слободен играч следното лето, шпанскиот стручњак одговори: „Не знам”.

Треба да знаете
Последни објави