Search

Комерцијална банка ќе овозможи тргување со акции без провизија

Утре, на првиот „Инвеститорски ден“ што го организира Македонската берза, по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата, Комерцијална банка АД Скопје ќе овозможи домашни физички лица да купуваат или продаваат акции без плаќање провизија за брокерски услуги кон Банката, објави „Пари.мк“.

Комерцијална банка ја поздравува иницијативата на Македонската берза и ќе го поддржи овој настан со цел да даде свој придонес за зголемување на учеството на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и на вложувањата во акции издадени од домашните компании.

„Инвеститорскиот ден“ ќе придонесе и за зголемување на нивото на знаење кај населението за овие финансиски инструменти и за подобрување на инвестициската култура во земјава.

Треба да знаете
Последни објави