Search

Во подготовки онлајн изданието на Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево фест 2020″

Се одвиваат финалните подготовки за 44-тото издание на Меѓународниот фолклорен музички фестивал „Делчево Фест 2020″, кој годинава ќе се реализира онлајн. Организатор е Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев” од Делчево, од каде информираа дека годинава фестивалот се одржува во специфични услови и со голем предизвик за негова реализација.

-Програмата ја изработивме со многу внимание и труд и е креирана согласно можностите и ситуацијата во која живееме, со онлајн настани, но и со неколку настани со публика, организирани по сите предвидени протоколи. Фестивалот ќе биде еден пример како да се организира културата во овие времиња, информираа од КУД „Гоце Делчев” Делчево.

Во рамки на настанот, како што додаде координаторот Зенил Реџепов – Стручни, предвидено е учество на повеќе фолклорни групи и ансамбли од неколки земји од Балканот и поширокиот регион.

-Имаме учесници од Србија, Бугарија, Молдавија и други земји, како и домашн и претставници со кои низ годините наназад имаме одлична соработка, додаде Реџепов.

Од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев” дополнително ќе го соопштат терминот за емитување на онлајн изданието на фестивалот, што се организира под покровителство на Општина Делчево, а со поддршка од Министерството за култура.

Треба да знаете
Последни објави