Search

Алжирски новинар осуден на две години затвор, реакција на Репортери без граници

Суд во Алжир денеска го осуди новинарот Калед Драрени на две години затвор, намалувајќи му ја првичната казна за една година, во судењето што Репортери без граници го опишаа како повреда на слободата на медиумите.

Пресудата му ја одзеде можноста на Драрени да ја издржува казната надвор од затворот.

Драрени е уредник на „Кашбах Трибјун” (Casbah Tribune) и дописник од Алжир на Репортери без граници и францускиот канал „ТВ5 Монде”, кој одигра значајна улога во известувањето за продемократските протести во Алжир минатата година.

Драрени беше осуден за „поттикнување невооружено собирање” и „загрозување на националното единство”, со неговото известување за протестите.

Во првичната судска одлука од 10 август Драрени беше осуден на три години затвор. Пред тоа, тој беше во истражен затвор повеќе од пет месеци.

Еден од адвокатите на Драрени, Абделгани Бади, изјави дека казната е прекумерна и дека претставува притисок на властите и дека ја загрозува слободата на алжирските медиуми.

Репортери без граници ја осудија одлуката, велејќи дека таа „придонесува за влошување на имиџот на Алжир”. Од оваа органзиација за вечерва  во Париз повикаа на протест на кој ќе му се изрази поддршка на алжирскиот новинар.

Треба да знаете
Последни објави