Search

Судењето Катица против Боки 13 одложeно: Јанева во домашен притвор во Гевгелија, Јовановски во болница

Судењето по пријавата на Катица Јанева против Боки 13 за неовласатено снимање, денеска се одложи.

Причина е хоспитализацијата на Бојан Јовановски откако му беше направен хируршки зафат. Тој од интензивна нега е префрлен на болничко лекување, а следно рочиште ќе биде закажано кога тој ќе биде пуштен од болница.

Адвокатите на Катица Јанева дојдоа во судница но таа не се појави. Притворот до правосилност на пресудата за Рекет го издржува во родната Гевгелија и не е веќе во Скопје. Јанева поднесе кривична против Боки 13 во текот на судењето за Рекет зошто неовластено ја снимал. Осудена е на седум години затвор, а пресудата е обжалена пред скопска Апелација.

Треба да знаете
Последни објави