Search

Објавен тендер за консултантски услуги за консолидација на земјиште во село Кожле

Објавен е јавен тендер за консултантски услуги за консолидација на земјиште во село Кожле во општина Петровец. Тендерот е објавен во рамки на проектот „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” финансиран од Европската унија, а спроведен од Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Консултантските услуги вклучуваат проценка на вредноста на земјиштето и подготовка на План за распределба на земјиштето преку процес на партиципативно преговарање со сопствениците и корисниците на земјиштето.

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на https://www.ungm.org/Vendor/Registration, а потоа ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал(https://www.ungm.org/Account/Account/Login).

Крајниот рок за поднесување на понудите е 8 октомври годинава до 09:30 часот.

Треба да знаете
Последни објави