Search

„Мртов Шиптар- добар Шиптар“ се пее на скопскиот плоштад

Познатиот граѓански активист и музичар Петрит Сарачини на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук пушти видео на кое може се слуша како група млади луѓе, веројатно фудбалски навивачи, пеат „Мртов Шиптар- добар Шиптар“.

„Не барам од моите пријатели Македонци да го осудат ова. Тие што ми се добри пријатели, знам дека го осудуваат.

А од „пријателите“, тапшачите по рамо, „неутралните“, оние што за извиците на Комити молчат а редовно ме прашуваат „а каде си ти за Балистите и Шверцерите…“ што сум ги осудил стопати (ама нема кој да прочита) – нема поента ни да се бара каква било осуда.Тие само го мислат она што Комитите гласно го кажуваат.

Многу побитно за сите нас – Да бараме од МВР и од Обвинителството да преземат мерки против ова разгорување на меѓуетничка омраза. По службена должност, како што вели Кривичниот законик за вакви дела! #StopZaOmrazata“, напиша Сарачини.

Треба да знаете
Последни објави