Search

Мартинез решен, сака да замине во Барселона

Младата sвезда на Интер – Лаутаро Мартинез, сака кариерата да ја продолжи во Барселона.

Според „Марка”, Каталонците во преговорите го вклучиле добро познатиот агент Жорже Мендеш да помогне во извршувањето на големиот трансфер. Главниот проблем е што „нероазурите” не се согласуваат да ја спуштат цената на аргентинскиот репрезентативец под 100 милиони евра.

Одделно, Барса мора да се раздели со Луис Суарез за да го земе Мартинез. Јувентус и Атлетико Мадрид покажуваат интерес за уругвајскиот напаѓач.

Лаутаро игра на „Меаца” од 2018 година, кога беше привлечен од аргентински расинг за 25 милиони евра. Минатата сезона, 23-годишниот напаѓач забележа 35 натпревари во Серија „А”, на кои постигна 14 погодоци и даде 3 асистенции.

Неговиот договор со Интер е до летото 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави