Search

(Видео)Новаците му обезбедија стартна победа на Њукасл

Новаците во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл се најзаслужни за големата победа на екипата остварена на гостувањето во Лондон кај Вест Хем (2:0) на стартот од новата сезона. Калум Вилсон и Џеф Хендрик беа стрелци на головите со кои Њукасл ги освои бодовите.

Доскорешниот напаѓач на Бурнмаут го отвори резултатот откако одлично реагираше во 56-та минута, а човекот кој беше асистент при овој погодок, подоцна се запиша и во листата на стрелците.

Џеф Хендрик напорно работеше цел меч, а при самиот финиш во 87-та минута доби дополнителна награда за добрата партија, постигнувајќи гол откако испрати неодбранлив удар.

https://streamable.com/127be2

 

Треба да знаете
Последни објави