Search

Заврши „Септемвриски коњички турнир” во Скопје

Во организација на клубот ПРОЦЕС, на терените на клубот што се наоѓаат веднаш до полициската станица за дресура на службени кучиња, денес се одржа „Септемврискиот коњички турнир” и 2. коло од отвореното Државното првенство прескокнување пречки за 2020 година.

Натпреварите се дел од календарот на Федерацијата за коњички спорт на С. Македонија.

На распоредот беа четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и Д со висина на пречките од 0,85 метри до 1,15 метри.

Резултати:

Класа Д – висина на пречките 0,85 метри:
1. Самир Реџепи со грлото  Паули од КК.Бравадос
2. Љупка Аврамовиќ со грлото Коломбо од КК.Бравадос
3. Елена Димитријова со грлото Прешес од КК.Анималс

Класа Ц – висина на пречките 0,90 метри:
1. Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК.Процес
2. Петар Милошевски со грлото Колд Плеј од КК.Бравадос
3. Елена Димитријова со грлото Прешес од КК.Анималс

Класа Б – висина на пречките 1,05 метри
1. Меланија Атанасовска со грлото Дон од КК.Процес
2. Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК.Процес
3. Дарио Гроздановски  Парадизо Силвано од КК.Анималс

Натпревар Класа А – висина на пречките 1,15 метри:
1. Дарио Гроздановски  со грлото  Силвано од КК.Анималс
2. Леонида Гроздановска со грлото Делано Лева од КК.Анималс.

Треба да знаете
Последни објави