Search

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразиле вкупно 28.826,555 лица. Од нив починале 922.454 пациенти, а излекувани се 20.700,881 луѓе.

– Нови 164 случаи, 51 оздравен и тројца почнати паценти е билансот за состојбата со Ковид-19 во последното деноноќе во Албанија. Новите случаи се од направени 872 теста, што е околу 19 отсто од тестираните.Во двете ковид болници и понатаму бројот на хоспитализиран е висок, или 188, од нив 21 се на интензивна терапија додека седуммина се интубирани.

– Во Австрија, во последните 24 часа, има драматично зголемување на бројот на нови инфекции – 869.
Последен пат беа регистрирани повеќе од 800 новозаразени на врвот на епидемијата на 27 март, кога беа регистрирани 830 нови случаи. Според сегашните податоци, засновани на постојан растечки тренд, Австрија очигледно влезе во вториот бран на инфекции.

– Во Унгарија, денеска се потврдени 916 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата, во период кога учениците се враќаат во училиштата.

Иако бројот на заразени расте, има релативно малку починати од Ковид-19 во Унгарија. Само двајца постари пациенти со хронични заболувања починале од компликации поврзани со коронавирус во изминатите 24 часа.

– Министерството за здравство на Филипините денеска соопшти дека во последните 24 часа е забележан рекорден број смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, дури 186, а тоа е и најголем дневен број на смртни случаи досега во земјите од Југоисточна Азија. Вкупниот број на смртни случаи кај ковид-пациенти на Филипините е 4.292, а бројот на потврдени случаи досега е 257.863.

– Бројката на жртви на Ковид-19 во Косово се искачи на 589, откако во минатите 24 часа се регистрирани нови тројца починати. Вчера се тестирани 633 лица, при што кај 70 е откриено присуството на вирусот. Вкупно од појавата на епидемијата заболени од Ковид-19 резултирале 14.566 лица. Вклучително вчерашните 122 новоизлекувани, бројката на лица кои ја совладале болеста достигна до 10.431, а активни носители на вирусот се 2.705 лица.

– Во изминатите 24 часа, во Хрватска се потврдени 261 нов случај на коронавирус од 5.690 тестирани лица. Уште седум лица починаа од Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов, бројот на активни случаи во Хрватска е 2.429. Хоспитализирани се 313 пациенти, од кои 24 се на апарати за дишење. Од почетокот на пандемијата, во Хрватска се потврдени вкупно 13.368 случаи, од кои 218 лица починале, а 10.721 оздравеле.

– Индија бележи рекорден број на новозаразени со коронавирус втор ден по ред, а во последните 24 часа се потврдени 97.570 нови случаи на инфекција, покажуваат податоците на индиското Министерство за здравство. Индија има вкупно повеќе од 4,65 милиони потврдени случаи на коронавирус и е на второ место во светот според бројот на заразени, по САД.

– Надлежните здравствени служби во Бугарија објавија дека во последните 24 часа се регистрирани 201 новозаразени со коронавирус, што е за 38 повеќе од претходниот ден. Во Бугарија, од почетокот на епидемијата на коронавирус, потврдени се вкупно 17.799 случаи, 713 смртни случаи и 12.750 оздравени.

– По првпат од средината на март, во Канада не се пријавени нови смртни случаи од Ковид-19, соопштија здравствените власти на земјата. Заклучно со вчерашниот ден, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Канада остана на 9.163, додека бројот на нови инфекции се зголеми за 702 на 135.626, делумно поради олеснувањето на рестриктивните мерки во повеќето делови на земјата и подготовките за враќање во училиштата.

Треба да знаете
Последни објави