Search

Големи работничките реформи во Катар во пресрет на СП во фудбал

Катар најави нови реформи на пазарот на трудот, во обид да ги смири критиките околу третманот на работниците мигранти во пресрет на Светското фудбалско првенство во 2022 година,, јави Блумберг.

Правилата ќе им овозможат на работниците да одат на нови работни места без одобрување од нивните сегашни работодавци; ќе воведе трајна, универзална минимална плата; и зајакнување на системите за спроведување во однос на заштитата на трудот што се надгледувани од Министерството за административен развој, труд и социјала, се вели во соопштението.

Владата на државата Катар најави недискриминаторска минимална плата и отстранување на условот, според кој, претходно за промена на работно место беше потребен сертификат без приговор од страна на претходниот работодавач и кој се однесуваше само за странските работници во сите сектори, вклучително и за работниците во домаќинствата (хигиеничари, дадилки, куќни помошници). Како нова реформа заедно со реформата за отстранување на условот за дозвола за излез воведена на почетокот на оваа година, се оценува дека тоа е почеток на нова ера на пазарот на трудот во државата Катар.

Реформите се одвиваат во паралела на тековните подготовки во Катар за организација на Светското првенство во 2022 година.

Владата ја одреди минималната плата за сите работници во приватниот сектор, вклучително и работниците во домаќинствата, на 1.000 риали месечно како основна плата, како и 500 катарски риали месечно за трошоци за сместување и 300 риали месечно за храна, освен ако работодавачот веќе обезбедува соодветна храна или сместување за работникот или домашниот работник. (1 евро=4,31 катарски риали). Новоформиран комитет за минимална плата ќе биде одговорен за да ја разгледа состојбата на минималната плата и доколку има потреба да направи промени.

Новиот закон ќе стапи во сила неколку месеци по објавувањето во службен весник на Катар.

Владата исто така ги измени одредбите од Законот за работни односи што се однесуваат на промените на работните места. Изменетите одредби им овозможуваат на вработените во Катар да се направат промена на работното место откако ќе помине краток рок за известување за напуштање на работната позиција-оставка.

Ова го отстранува условот за сертификат (без приговор од претходен работодавач) за сите работници во приватниот сектор. „Амандманот ќе внесе конкуренција на пазарот на трудот и ќе ги поттикне работодавачите да ги почитуваат и зачуваат правата на вработените. За работниците, тоа ќе ги прекине долгорочните неправедни договори со претходни работодавци, ќе ја отстрани нерамнотежата на моќ помеѓу работодавците и работниците”, се наведува во владиното соопштение.

„Катар поставува нови стандарди во регионот, исполнувајќи ги своите ветувања и воведувајќи процедури што ќе го поддржат пазарот на труд за идните генерации. На две години пред Светското првенство и за многу години после тоа, Катар ќе продолжи да работи со меѓународни партнери како Меѓународната Организација за Труд за понатамошни подобрувања и да обезбедувања права и благосостојба на сите работници во земјата. Реформата во пазарот на труд е клучна за долгорочниот развој на Катар.

Оваа објава ја демонстрира посветеноста на Катар за создавање динамичен пазар на труд, во кој ќе ја зголемува конкуренцијата, ќе привлекува стручна работна сила и инвестиции, а со самото тоа ќе го стимулира економскиот раст, се заклучува во текстот.

Треба да знаете
Последни објави