Search

Во Ѓорче Петров протест против изградба на висококатници

Со блокирање на главната улица во Ѓорче Петров жителите на оваа општина го изразија својот револт за  најавената изградбата на 60 метарски згради и населување на 3000 жители во месноста Јурија. Со изградбата на овие високатници се загрозува квалитетот на живеење и нормалното функционирање на општината реагираат жителите на Ѓорче Петров кои излегоа на протест.

Назадоволните граѓани го прашуваат градоначалникот на општината Александар Наумоски зошто нема расправи за ДУП според кој ќе се гради на оваа локација.

-Јавно се спротиставуваме на новиот ДУП с 324 со кој се овозможува подигање на бетонски ѕид токму на ова место. Две недели се обидуваме да добиеме одговор на нашите барања од општината, но две недели добиваме молк. Веднаш да се ревидира овој ДУП, да се намали бруторазвиената површина која сега изнесува над 90,000 квадратни метри, изјави Борис Шамбевски од инцијативата против урбаното дивеење.

Градоначалникот Наумовски денешниот протест го нарече партиски.

-Инсинуиран протест од страна на челниците на ДПМНЕ, на самиот протест се партиски активисти дојдени луѓе со возила, меѓутоа сепак правото на опозицијата е да протестира и да биде корекција на локалната самоуправа. Локалната самоуправа има двостепен систем на управување, контролен механизам на градоначалникот е Советот. Сите тие имаат членови на Совет кои се детално запознаени и за постапката општината е отворена, вели Наумовски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави