Search

Рибокрадци од Штип оделе на ноќен лов со динамит

Полицијата во демиркапиското село Дрен уапсила тројца штипјани, осомничени за криволов, информираше МВР.

-На 10.09.2020 околу 1 часот, полициски службеници од Полициската станица Михајлово кај место викано „Брана“, при контрола на возило „нисан“, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, пронашле ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и друга опрема, велатод МВР.

Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави