Search

За Турција, соопштението на медитеранските држави од ЕУ е пристрасно

Турција денеска го отфрли соопштението на медитеранските држави од Европската унија за спорот во Средоземното Море, велејќи дека коментарите се пристрасни и немаат врска со реалноста, но и дека Анкара останува отворена за разговори без предуслови со Грција.

Во вчерашното заедничко соопштение на, седум медитерански држави од ЕУ се наведува дека европскиот блок ќе состави листа со нови санкции против Турција кон крајот на септември, освен ако Анкара не преговара со Грција и Кипар за решавање на спорот.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Грција треба безусловно да седне на преговарачката маса со Турција за да се постигне дијалог и соработка во регионот.

Тој додаде дека Атина требало да ги повлече своите воени бродови од околината на турскиот истражувачки брод Оруч Реис со цел да ги деескалира тензиите.

Треба да знаете
Последни објави