Search

Средба на министерот Бектеши со претседателката на ССК, Арсовска

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ќе има официјална работна средба со претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија ССК), Данела Арсовска.

На средбата ќе бидат присутни и секторските претседатели на Сојузот со цел адресирање на потребите на деловната заедница која, како што наведуваат од ССК, се бори да ја одржи ликвидноста.

Во фокус ќе бидат економските мерки за туризмот, угостителството и поврзаните дејности, кои се меѓу најпогодените од ковид-пандемијата, како и потребата од директна финансиска поддршка во актуелните услови на криза.

-Кризата во континуитет трае повеќе од шест месеци, одредени дејности се уште се затворени со Владина уредба за што е неопходна финансиска поддршка и креирање прецизни протоколи за работа за здравствена превенција. Сојузот со предлози е вкучен во новиот четврти пакет антикризни мерки за економските мерки да бидат насочени кон потребите на реалниот сектор, велат од ССК.

Треба да знаете
Последни објави