Search

Сведок на „Монструм”: Сите докази беа заведувани во записници

Чаура од куршум испукан на 12 април 2012 година како доказ била допишана во вкупниот збир на докази на 17 април, односно четири дена после првиот записник во кој биле запишани 20 чаури најдени на местото на убиството кај Смилковско езеро.

Дали со тоа се „мести” обвинетиот Фазли Азири, беше прашан денешниот сведок В.М. на судењето за предметот „Монструм” од адвокатот Насер Рауфи.

Сведокот, кој бил началник во МВР во Единицата за истраги, рече дека во неговата кариера никогаш не се случила таква работа и дека за сите нови докази најдени за громорозното убиство, биле изготвувани нови записници. Судечкиот совет и обвинителите реагираа на ваквото прашање на адвокатот.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи сведокот рече дека не е директно поврзан со возилото „Опел Омега” кое е предмет во истрагата, но дека бил информиран за тоа.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Треба да знаете
Последни објави