Обамејанг ќе биде најплатен играч во Арсенал

Пјер-Емерик Обамејанг ќе потпише нов тригодишен договор со кој ќе стане најплатен играч во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш  Арсенал. Обамејанг ќе го надмине со примањата Месут Озил, кој ретко игра за „топчиите“, а е прв на листата според платата во клубот од Лондон.

Најдобриот стрелец на Арсенал во последните две сезони ќе според новиот догворо ќе има  неделна плата од 250 илјади фунти, но со бонуси ќе може да стигне до 375 илјади фунти, со што би го поминал Озил, кој има примања од 350 илјади фунти секоја недела.Капитенот Обамејанг досега имаше неделна плата од 180 илјади фунти.

Обамејанг има 31 година и најавуваше дека сака да си замине, пред сè во Барселона, но до трансфер не дојде, а тоа го искористи Артета за да го смени мислењето на Габонецот и да го задржи во Арсенал. Обамејанг со 22 постигнати голови во сезоната што заврши беше втор стрелец во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави