Search

Заев: Одговорноста е кај сите, со почитувањето на мерките и транспрентноста во делувањето ќе даде резултати во борбата против Ковид 19

 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во вечерашното интервју на НТВ1 на којашто одговара на прашањата на уредници од повеќе медиуми рее дека е исклучително важно сите да ги почитуваат мерките и препораките на здравствената комисија. “Доаѓа сезона на грип, потешко време од летото, треба да не подготви да бидемеме спремни и да ги почитуваме мерките. Не верувам дека ќе имаме карантин, но тоа зависи од сите нас. “ Премиерот Зоран Заев истакна дека надежта е кај граѓаните. “Маските на лице не штитат да имаме нормален живот. Дома кога сме затворени тоа може да претставува проблем.Тоа го знае и Комисијата за здравствени болести. Знаеме сите да се опуштиме и треба тоа да го избегнуваме во секој момент. Се работи за нашето здравје и се работи за здравјето на нашите блиски, на нашите блиски повозрасни , болни, баби , дедовци. Да ги почитуваме експертите и професионалците” Премиерот Заев додаде дека целиот процес на справување со коронавирусот којшто се одвива во нашата земја е комплетно транспарентен, целосно отворен, со сите сугестии и го држи просекот од целиот регион или од тоа што се случува во Европа и во светот. “Ниту сме нешто повеќе ниту сме нешто помалку во делот на успесите или неуспесите во справувањето со Ковид кризата. Верувам дека во иднина само транспарентноста и почитувањето на стручните луѓе тоа ќе дава резултати. Треба да водите грижа кога бараме помош од надвор дали дома имате неискористении капацитети, имаме ние професионални лекари, сите се ставаат на располагање. Јас им симнувам капа, огромна благодарност за нивната посветеност”, рече Заев.
 Треба да ги земеме сите аспекти како капацитети на државата за справување во најлесни и најтешки околности. Следејќи ги искуства каде што тргнаа школските години имаме земји како Германија каде што уште при крајот на август тргнаа школските години и видовме како се случи да се затворат 40-50 училишта, Израел беше исто така еклатантен пример. Другите аспекти се болничките кревети кои што ни стојат на располагање заради тоа што државните капацитети мора да бидат подготвени и во најлесни случаеви и во најтешки. Кога се работи за децата никако не смееме да дозволиме да бидеме во состојба да бираме кои 20 кои 30 деца ќе бидат примени во болница или не, скраја да е тоа не смееме никако да го дозволиме.“  Надежта ми е кај граѓаните дека ќе ги почитуваме мерките, колку помалку почитуваме мерки толку повеќе ќе има рестриктивни мерки и во делот на движењето – социјалниот живот и во делот на економијата и во делот на се што значи нормален живот на граѓаните. Колку толку со маските имаме поприлично нормален живот.“
Треба да знаете
Последни објави