Search

Влезот на хрватската Влада затрупан со лубеници како добредојде за министрите

Европратеникот од „Жив зид“, Иван Вилибор Синчиќ денеска со своите приврзаници имаше настап пред зградата на хрватската Влада на Марковиот плоштад кога од комбе пред вратата на „Банските дворови“ исфрли лубеници, а потоа се качил на покривот од комбето и ја обвинил Владата за корупција и опстукции на домашните производители на овошје и зеленчук.

-Не може секој со својата фирма да увезува овошје, туку тоа да го правата само задугите на овоштарите. Зошто во Хрватска секоја година се фрлааат на ѓубриште тони и тони зеленчук и овошје и разни други прехрамбени производи – запраша Синчиќ кој пристигна со комбе пред влезот од Владата каде испаднаа и се расцепија лубениците.

Синчиќ во својот настап од покривот на комбето предупредил дека илјадници луѓе размислуваат да ја напуштат земјата или да престанат или да го редуцираат производството бидејќи според него преку глава им дошло од рекетарскиот однос, порескиот терот, уценување од подобни луѓе кои се на позиции, подобни големи увозници, прекупци, странски трговски синџири … Увезеното овошје и зеленчук честопати е со многу полош квалитет од домашниот.

-Доста им е од овој терор. Состојбата е неиздржлива. Овие луѓе немаат никаков есап да се занимаваат со земјоделие и вие ќе се прашувата кад еисчезна хрватското село – им порача Синчиќ на владините министри, на кои пороизводителите им нуде лубеници додека влегуваа во зградата.

Во воведниот настап на владината седница за овој перфоманс реагираше и премиерот Андреј Пленковиќ и порача дека ова е и безбедносно прашање, бидејќи овојпат испаднаа лубеници, а можело да биде и нешто друго пренесуваат хрватските медиуми.

 

Треба да знаете
Последни објави