Search

Бајден во пресрет на претседателските избори во САД ја зголемува предноста пред Трамп

Претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, е во водство пред републиканскиот актуелен претседател Доналд Трамп за 12-процентни поени, покажува анкетата на агенцијата Reuters и на институтот Ipsos објавена во средата.

Анкетата спроведен во периодот меѓу 3-ти и 8-ми септември покажала дека 52 отсто од оние кои веројатно ќе излезат на изборите на 3-ти ноември ќе го поддржат Бајден, додека 40 проценти ќе го поддржат Трамп.

Анкетата е спроведена на интернет ширум САД, на 823 веројатни гласачи, 390 од оние кои се идентификуваат како демократи и 351 кои се идентификувале како републиканци. Три отсто од испитаниците ќе поддржат трет кандидат, а 5 отсто сѐ уште не донеле одлука за кого ќе гласаат на изборите за кои двајцата кандидати ги прогласија за „најважните во американската историја“.

Како што се забележува во коментарот на анкетата, таа покажала дека бројот на гласачите кои сѐ уште не се одлучиле за кој кандидат на двете најголеми партии ќе гласаат, е двојно помал отколку на минатите претседателски избори во 2016 година. Дури и доколку тие застанат зад Трамп, тој според оваа анкета би имал повторно помалку гласови од Бајден, забележува Reuters.

Треба да знаете
Последни објави