Search

Арсовски: Дали во пожарот изгоре документација што укажува на финансиски малверзации?

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Вчера бевме сведоци на уште еден крајно сомнителен пожар кој што се случи токму позади мене во оваа зграда, во државниот инспекторат за животна средина. Пожарот кој го зафати државниот инспекторат за животна средина сосема случајно или крајно сомнително, го зафати токму делот каде што се складирани документи и архива од истата институција односно од државниот инспекторат за животна средина. Затоа јавно прашуваме, што содржеа тие документи кои што изгореа?

Колкава е и каква е штетата на изгорените документи и изгорениот материјал во овој инспекторат? Каков тип на документи изгореа вчера во пожарот? Зошто се уште молчат и од институциите, и од Владата, и од државниот инспекторат за животна средина за овој пожар кој што се случи вчера? Зошто се уште не е излезен официјален записник во медиумите со целокупната причинета штета, со целокупниот листинг на документи кои што се изгорени?

Еве јавно прашуваме, потенцирам јавно прашуваме, би ги повикал тука и медиумите да го истражат случајот, дали е точно дека изгорени се документи и извештаи кои укажувале на злоупотреба на пари од проекти од европските фондови кои што биле складирани токму тука во државниот инспекторат за животна средина, наменети за оваа институција?

Со истите проекти според нашите информации, еве јавно прашуваме дали располагале лица кои што се членови на СДСМ? Да потсетиме дека ова не е прв случај на пожар што се случува изминативе години додека оваа Влада е на власт. Се случи пожар во министерството за правда, и еве сега се случува и пожар во овој државен инспекторат за животна средина. Ниту еден случај кој што се случил во минатото во оваа Влада на СДСМ не е сведен до самиот крај, да се најде вистинскиот виновник за овие пожари.

И никој, ама баш никој не излезе со заклучок каква штета и каква документација е изгорена. И никој, ама баш никој не понесе никаква одговорност за пожарот што се случи најпрвин во министерството за правда, а веруваме дека ќе биде исто така и сега. Секогаш кога СДСМ е на власт, гори документација која што укажува на криминал.

Треба да знаете
Последни објави