Search

ВМРО ДПМНЕ: Го осудуваме насилството врз новинари, да се расветли настанот од вечерашниот протест

Опозициската ВМРО ДПМНЕ, кој беше организатор на попладневниот протест во Скопје, поради поскапувањето на струјата, на кој се случи и инцидент во кој беше нападната новинарската екипа на Ал Џезеира, го осуди истиот како и секој вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум. Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

-Повикуваме да се расветли настанот од протестот и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих. Воедно ВМРО ДПМНЕ ги осудува и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми, соопштуваат од партијата.

 

Треба да знаете
Последни објави