Search

Франција подобра од Хрватска во дербито на вечерта

Франција го доби дербито против Хрватска со 4-2 (2-1), за максимален ефект по две кола во третата група од „А“ конкуренцијата во Лигата на нациите.

„Коцкестите“ покажаа заби, па уште во 17. минута преку Дејан Ловрен поведоа со 0-1. Стоперот на Зенит прими топка по корнер и во стил на голем голгетер ја смири издрибла и погоди за водство.

Кога сите очекуваа крај на првиот дел, Антоан Гризман донесе израмнување за Франција. Веќе во судиското надополнување од првиот дел, доби убава топка од Бен Једер и го натера Ливаковиќ да си даде автогол.

Златко Далиќ се реши за замена и го внесе во игра Јосип Брекало. Младиот напаѓач му одговори со погодок во мрежата на Лорис, кога по одлична долга топка од Ковачиќ, убаво се снајде и стрелаше за 2-2 во 55. минута. Сепак, десет минути подоцна Дајот Упамекано го даде својот дебитантски гол во репрезентацијата за 3-2, а во 77. Оливие Жиру реализира од пенал за конечни 4-2.

Треба да знаете
Последни објави