Во комби кај Штип пронајдени 63 мигранти

На 08.09.2020 во 04.20 часот на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, кај нас. Три Чешми, полициски службеници забележале товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки, кое се движело од Штип кон с.Кадрифаково. Во еден момент возачот го запрел возилото и го напуштил местото. Полициските службеници извршиле преглед на возилото, при што во просторот определен за товар биле затекнати 63 мигранти од кои 18 малолетни лица (62 лица биле од Авганистан и едно од Сомалија). Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави