Search

Во Африка 7.347 новозаразени и 202 смртни случаи за еден ден

Во последните 24 часа, во Африка се потврдени 7.347 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Во истиот период, други 202 лица починале како резултат на Ковид-19, објави Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

Од почетокот на пандемијата, на африканскиот континент се заразиле 1.307.190, а починале 31.515 пациенти. Повеќе од милион пациенти се опоравиле, пренесува руската новинска агенција „Тасс“.

Најголем број на заразени и починати се регистрирани во Јужна Африка – 639.362 односно 15.004. На второ место е Египет, со 100.041 потврден случај, додека 5.541 пациент починале како резултат на инфекцијата во оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави