Одзеле 6.500 евра од двајца велешани, ги лажеле дека нивни роднини прегазиле дете

Двајца велешани во два одделни случаи се измамени со веќе разбработената шема со телефонски повици, преку кои им се соопштува дека нивни блиски роднини предизвикале сообраќајна несреќа и дека треба да платат пари со цел да се извлечат.

Според МВР, во првиот случај измамена е О.С. од Велес на која во текот на вчерашниот ден пријавила дека на 5 септември била измамена за сума од 300 илјади денари односно 5 илјади евра.

Според пријавеното, телефонски ѝ се јавило лицето и ѝ кажало дека нејзиниот син и снаа направиле сообраќајна незгода во која со возилото удриле во дете мигрант и побарало пари да му помогне на синот. Таа му дала 300 илјади денари на лицето, но потоа сфатила дека била измамена.

Во вториот случај, велешанецот Т.Т.(74) вчера пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 90 илјади денари или 1 500 евра. Според пријавеното, во 16 часот на фиксен телефон му се јавило лицето и му кажало дека неговата ќерка и неговиот зет направиле сообраќајна незгода и удриле дете и побарало од него пари за да им помогне. Според пријавата, тој му ги дал парите, но подоцна сфатил дека е измамен.

Изминатиот период во полицијата беа пријавени неколку вакви случаи, а надлежните велат дека работат на расчистување на случаите.

Треба да знаете
Последни објави