Кривичен за „Млечен“: Неетеички е да се коментира и злоупотребува првостепена пресуда

Од Основниот кривичен суд денеска преку соопштение известуваат дека во однос на пресудата со К.бр. 488/20 поврзана со сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ Основниот кривичен суд Скопје, се со цел да не наштети на евентуалната жалбена постапка на која имаат право незадоволните страни, не може и не смее да коментира првостепена- неправосилна пресуда.

„Целосно неетеички е во јавноста од одредени субјекти да се коментира и злоупотребува првостепена-неправосилна пресуда која во иднина може да биде преиначена во делот на казната, а непрофесионално и незаконски би било судот да коментира пресуда на судија поединец кој е независен во своето постапување. Но, заради јавниот интерес и транспарентно и отчетно работење за кое се залага судот, ја информираме јавноста дека според фактите изнесени на јавна расправа, станува збор за кривично правен – предмет за кој Јавниот обвинител утврдил дека постојат сомневања за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по чл. 300 ст.4 вв со чл.297 ст.3 вв со ст.1 односно сторено од Небрежност, а не со умисла“, пишуваат од таму.

Треба да знаете
Последни објави