Search

Тачи: Косовско-српскиот договор во Вашингтон e најсериозно дипломатско дело на Балканот во овие две децении

Косовскиот претседател Хашим Тачи го оцени минатонеделното потпишување во Вашингтон на договорот за економска стабилизација меѓу Косово и Србија како „најсериозно дипломатско дело во минатите две децении на Западен Балкан”.

На денешната прес-конференција Тачи изјави дека најзаслужни за постигнатиот договор, што во Белата куќа го потпишаа косовскиот премиер Авулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, се претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот специјален пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел.

– Минатата недела видовме уште една потврда на посветеноста на американскиот претседател Трамп за Косово. Со посветеноста на специјалниот пратеник Ричард Гренел минатиот петок се постигна да се формализираат овие напори. Ова беше најсериозно дипломатско дело во минатите две децении за Западен Балкан. При овој мошне тежок процес наидовме на бројни пречки и конспирации, но со формализирањето на договорот сите тие се покажаа како лажни и злонамерни, изјави Тачи.

Косовскиот премиер Хоти и српскиот претседател Вучиќ, во присуство на американскиот претседател Трамп, минатата сабота, на 4 септември, во Вашингтон потпишаа договор за економска стабилизација, со кој се регулира соработката меѓу двете земји во повеќе економски области.

Треба да знаете
Последни објави