Search

Памела Андресон е во врска со својот телохранител

Актерката Памела Андерсон, која што се разведе од холивудскиот продуцент Џон Питерс неколку дена откако го врзаа јазолот во јануари годинава, се дружи со својот телохранител Ден Хејхорст веќе некое време.

„Тие се заедно неколку месеци и таа е многу среќна. Неразделни се во текот на пандемијата. Памела е пресреќна, и Ден ѝ помага да го среди нејзиниот дом на островот Ванкувер,“ извор изјави за списанието „Пипл“.

Памела (53) и Џон Питерс (74) се венчаа на приватна церемонија во Малибу на 20-ти јануари годинава, но нивниот брак не бил официјално регистриран. Тие не го дочекаа венчалниот лист бидејќи 12 дена потоа, се разделија.

Памела претходно во интервју откри дека нема ништо против нов брак. На прашањето дали би се омажила повторно, таа одговори: “Апсолутно! Може уште еднаш. Но, само уште еднаш!”

Sвездата на „Бејвоч“ е задоволна со романсите во својот живот и инсистира на тоа дека се омажила три пати – а не пет како што многумина мислат. Зборувајќи за нејзините претходни бракови, таа додаде: „Фала му на Бога што така требало да биде, и јас сум овде и среќна сум.“

„Бев во брак три пати. Луѓето мислат дека тоа било пет пати. Не знам зошто. Јас бев во брак со Томи Ли, потоа со Боб Ричи (Кид Рок), и со Рик Саломон. И тоа е тоа. Три брака. Знам дека е многу, но е помалку од пет.“

Треба да знаете
Последни објави